На 19, 20 и 21 јули 2021 година во просториите на ДПД (Доброволно противпожарно друштво) –Свети Николе, се одржаа три работилници на тема „Насилство: значење и видови“.
Работилниците ги реализираа три млади девојки, претставнички на извидничкиот клуб „Scouts et Guides de France’’ од Париз, Франција, во соработка со Организација на жените на Општина Свети Николе, а присуствуваа млади (од 15 до 25 години) од Свети Николе.
Сите три работилници беа од интерактивен карактер: презентации со пишување и надополнување кои ги поттикнаа присутните да размислуваат на дадената тематика, работа во групи, гледање на кратки едукативни видеа и тимска дискусија. На крајот од секоја работилница, присутните имаа можност да дегустираат француски специјалитети.
Учесниците и учесничките ги споделија своите досегашни знаења и, на крајот од последната работилница, изјавија дека научиле многу нови нешта кои ќе им бидат од корист во иднина, во поглед на препознавање и превенција на различните видови на насилство.
Претставници од Извршната канцеларија, како и соработници (активисти/активистки) на ОЖОСВН беа присутни во континуитет, на сите три работилници.