Ден за промоција на грижата за себе

24-ти јули се обележува како „Ден за промоција на грижата за себе“.

Грижата за себе е доживотна навика и култура на живеење. Тоа е пракса на индивидуа која се грижи за своето здравје, базирано на знаењата и информациите кои и’ се достапни. Процес е на донесување одлука којшто ја зајакнува индивидуата ефикасно да се грижи за своето здравје, самостојно или во соработка со професионалци од областа. Обезбедува фокус и можност да се подигне профилот на здрав животен стил на повисоко ниво.

Истражувањата покажуваат дека инвестирањето во грижа за себе помага да се намали стресот, да се подобри емоционалното здравје и генерално да се подобри квалитетот на животот. Грижата за себе е буквално било која активност која ја правиме намерно за да се грижиме за нашето ментално, емоционално и физичко здравје – може да варира од нешто мало, како надоместување на испуштено спиење, до поголема активност, како одење на пливање.

1.Почни го денот со медитација

Истражувањата покажуваат дека медитацијата може да помогне да се намали анксиозноста, да се подобри спиењето и да се намали крвниот притисок. Медитацијата и длабокото дишење го активираат парасимпатичкиот нервен систем, му помагаат на телото да се опушти и ја успоруваат работата на срцето.
Започнувајќи го денот со петнаесетминутна медитација е добар начин да се разбудиш, за разлика од тоа веднаш да се фатиш за телефонот и да проверуваш нотификации. Разни апликации, како на пр. Calm, Headspace и Aura можат да ти помогнат да го најдеш својот Зен.

2. Релаксирај се со топла купка
Релаксирањето со топла купка не само што прави да се чувствуваш добро туку, исто така, од него има и придобивки за здравјето.
Експертите велат дека туширањето може да го смири нервниот систем и да ги смири болките. Исто така е одлична активност за „бегање“ од дигиталниот свет.
За навистина да уживаш во бенефитите од топлата купка, додавај релаксирачки есенцијални масла во водата, како роза, лаванда, невен и алое.

3. Слушај АСМР
АСМР (автономен сензорен рефлексна меридијан) е термин кој се користи да опише сензација на уживачко пецкање, кое некои луѓе го имаат кога слушаат одредени звуци.
Примери за АСМР стимулирачки звуци се: шишање коса, тропкање, шепотење и чешкање. Може да потрае некое време додека го најдеш звукот кој најмногу ти одговара, односно звукот кој ти е тригер, но има многу различни видови на АСМР видеа на YouTube коишто можеш да ги истражуваш.

4. Стави маска за лице
Има многу одлични маски на пазарот кои ветуваат различни резултати – маските базирани на јаглен се добри за прочистување на кожата, додека салицилната киселина помага да се намали воспалението. Можеш дури и сам/а да си направиш маска дома, мешајќи различни состојки заедно, како на пр. жива жолчка од јајце, мед, маслиново масло и овесно млеко.

5. Вежбај yin јога
Кога се работи за негување на телото, ништо не дава подобро чувство од добро истегнување наутро. Предлагаме yin јога – јога со бавен ритам, која нуди длабока релаксација низ различни седечки пози, во кои се задржуваш 3-5 минути.
Наместо работа на мускулите и предизвикување на издржливоста, оваа одмарачка практика дава подлабоко ниво на отварање преку телото.

6. Оди на прошетка во природа без некоја цел
Шансите да одиш на некое тивко место, подалеку од деца, цимери или партнер, може да биде многу потребен начин на намалување на стресот од секојдневниот живот.
Не само што шетањето ќе го поттикне лачењето на ендорфин и ќе ти даде повеќе енергија, туку и поминувањето време надвор во природа може да помогне во постигнување на медитациска состојба на длабок фокус и рефлексија.

7. Имај ден без дигитални пречки
Со толку многу дигитални дистракции, може да биде многу тешко да се биде присутен во моментот, дури и ако твојот единствен план во текот на денот е да се опуштиш.
Оттргнувањето од електронската пошта, текстуалните пораки и профилите на социјалните мрежи се добар начин да му дадеш пауза на твојот мозок од бескрајното онлајн правење на неколку работи одеднаш. Излези од канцеларијата, извести ги блиските пријатели дека тој ден го посветуваш на оттргнување од онлајн просторот и остави го телефонот некаде кадешто нема да паднеш во искушение да го земеш за да провериш нешто.

8. Среди го просторот за живеење
Неуреден простор може да предизвика стрес, да се одрази на твојата продуктивност и генерално да го направи седењето дома помалку пријатно искуство. Нередот може да има негативен психолошки ефект и често доаѓа до олеснување и задоволство во отстранувањето на работи кои не се неопходни, а сепак заземаат простор
Почни така што ќе се ослобидш од сé што не си користел/а во последната година. Прекрасно е колку едно чистење може да допринесе до ментално воздигнување.

9. Пробај само-масажа
Додека ги практикуваме правилата за социјална дистанца, закажувањето релаксирачка масажа е нешто што секако не доаѓа во предвид, но секако дека не постои причина зошто не би можел/а да пробаш да се ослободиш од болката со техники за само-масажа дома.
Притискање на рамената, триење на стапалата и масажа на скалпот се само неколку идеи кои можеш да ги пробаш, а секако има многу онлајн туторијали кои можеш да ги провериш. Електричните масажери и слични помагала исто така можат да ти помогнат да се опуштиш и да ги ослободиш од болка соодветните регии.

10. Јади што сакаш
Додека јадењето нездрава храна секој ден не носи придобивки долгорочно, денот за грижа за себе е одлично време да се опуштиш од било кои правила на здрава исхранаи да се препуштиш на привлечна порција макарони со сирење или хамбургер со помфрит.
Хранењето здраво секако спаѓа во грижа за себе, но кога си расположен за целосна релаксација, нема ништо поопуштачко од јадење храна која ти пружа задоволство додека ја гледаш омилената серија.

Запомни, нема ништо себично во земањето ден само за себе. Полнење на батериите на тој начин е нешто што е важно да се практикува често, за подобро понатамошно функционирање на секое ниво. Посветувањето на себе не треба да биде луксуз, туку потреба која е неопходно да си ја задоволиш. Ако се грижиш повеќе за себеси, ќе бидеш подобар и спрема другите.

 

Текстот го подготви Ружица Сотировска, психолог во Канцеларијата за бесплатна БПП и ПСП.

 

Оваа објава е напишана и објавена како дел од проектот „Не си сам/а – канцеларија за бесплатна правна помош и психо-социјална поддршка. Проектот е регрантиран од Коалиција Маргини и Фондација Kvinna till Kvinna, а финансиран од Европската Унија.

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен