Како резултат на светската пандемија со COVID-19, зголемена е потребата за електронска комуникација што, всушност, во овој период е и единствениот начин да се допре до целната група на ОЖОСВН.
Затоа, лицето за комуникација во соработка со проектниот тим одлучи да се реализира онлајн информативна кампања на официјалната фејсбук-страница на организацијата.
Првата кампања, со наслов „Од нас зависи, седи дома!“ обезбеди корисни информации за жените и девојките, во однос на препораки за заштита и превенција на корона вирусот и совети за корисно исполнување на слободното време кое го поминув
аат дома за време на полицискиот час и карантин.
Кампањата траеше од 11.03.2020 до 30.04.2020 и опфати вкупно 37 постови на фејсбук страницата на ОЖОСВН.