МАРТ – МЕСЕЦ НА ЖЕНАТА

Зошто е потребно да се одбележува месецот на жената?

– За да се потсетиме на сите силни, некршливи, јаки жени кои одиграле важна улога во историјата;

– Да им оддадеме признание на жените, незапирливи пионерки, кои не се повлекле во овој машки свет и ни покажаа како да бидеме издржливи и дека сме способни да постигнеме апсолутно сѐ. Ни покажаа како да се бориме и да не се откажуваме од борбата!;

– За да се охрабрат и безгласните жени и девојки да станат гласни, и, чекор по чекор да влијаат во градење родово-еднакво општество и застапување на своите права.

ОЖОСВН, 8 Март оваа година го одбележа во рамките на можностите кои, годинава, се ограничени поради ситуацијата со светската пандемија. Симболично, беше положено цвеќе на спомен-костурницата во градскиот парк во Свети Николе, за да им се оддаде почит на паднатите борки за слобода на нашиот град.

Истовремено, на официјалната facebook-страница на ОЖОСВН се одвиваше кампања посветена на жените и женските права, одбележувајќи го месец март како „Месец на жената“, а користејќи ги хаштазите #МесецотНаЖената, #ОЖОСВН, #ЈакиЖениЈаЈакнатЗаедницата, #WomensHistoryMonth и #HERStory.

 

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен