Организација на жените на Општина Свети Николе(ОЖОСВН) во периодот од септември 2022г. до јуни 2023г. го реализира проектот „Вклучени млади, силни заедници“ финансиран од програмата за грантови на проектот „Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата” финансиран од ЕУ, а спроведуван од Коалиција на младински организации СЕГА. Проектот има за цел да придонесе кон креирање на овозможувачка околина за активно вклучување на младите во локалната заедница, или поспецифично да се воспостават услови за имплементација на Законот за младинско учество и младински политики во општина Свети Николе.
Во рамките на овој проект, ОЖОСВН во периодот од 24 – 26 февруари 2023 година ќе организира обука „Застапување базирано на докази“. Целта на оваа обука е учесниците на истиот да се стекнат со знаења и вештини за застапување на интересите на младите пред локалните донесувачи на одлуки.
Обука е наменет за млади од локалната заедница (на возраст од 15 – 29 години), претставници на Локалниот младински совет, локални граѓански организации кои работат со млади, претставници од политичките подмладоци, млади, лица од општинската администрација Свети Николе (службеник за млади, креатори на локални програми и буџет).
Учесниците ќе се бираат по принципот прв пријавен, прв услужен притоа внимавајќи на родовиот баланс и различните организации од каде доаѓаат пријавените.
Ги мотивираме сите млади да се пријават за учество на обуката и својот интерес да го искажат преку пополнување на пријавата на линкот:
https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLScRcQG4hNQAjSok9jVGrVc4sXM2_nBECYYNJ6xXTafO6b85qg/viewform
Сите трошоци во однос на обуката (патни трошоци, сместување, храна и освежување, работни материјали) во целост се покриени од проектот.
Краен рок за пријавување е 16 февруари (четврток) 2023 година. За дополнителни информации слободно контактирајте нè на нашиот меил womsvetinikole@yahoo.com