ПОВИК ЗА МЛАДИ: Младинска размена во Швајцарија

Ги покануваме сите младински работници, кои сакаат да ги развијат своите вештини во областа на медиумската работа преку едукација за пишана медиумска продукција, да аплицираат за петдневна размена во Швајцарија.

Медиумите и социјалните мрежи сочинуваат голем дел од работата со младите, па ова е извонредна можност за нови идеи и знаења.

Програмата за размена се заснова на неформално и практично учење кое им овозможува на учесниците да се стекнат со потребното знаење и искуство за да ги применат стекнатите медиумски вештини (аудио, видео и пишување написи) во нивната идна работа. Во проектот учествуваат млади луѓе од Швајцарија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија и Македонија.

На повикот можат да се пријават сите млади луѓе на возраст од 18 до 30 години кои работат со млади луѓе од споменатите земји и сакаат да го надградат своето знаење и искуство. Ова е и можност за поврзување на младинските работници од споменатите земји-учеснички и размена на искуства.

За време на размената, ќе се реализира, интеркултурен настан со порака „Прославете ја различноста!“ со цел да се почитува различното културно и етничко потекло на нашите учесници. Целиот пакет на произведени пишани медиумски содржини, како и содржините на социјалните мрежи ќе бидат објавени на медиумските канали на i-diјaspora и на другите организации вклучени во овој проект. Темите за целата содржина ги избираат младинските работници, учесници во овој проект.

Размената ќе се одвива од 10.4. до 16.4.2023 година. во Рихтерсвил, Швајцарија.

Важно:

Работен јазик ќе биде англискиот, а сите трошоци за патување и сместување ќе бидат покриени од организаторите.

Заинтересираните можат да се пријават преку линкот до 15.02.2023 година:

https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSeE3ldwX4LCaSifX1XDJxChrkDqFok2jggU-TZKSfUMfeZwxg/viewform

Проектот го спроведува i-diјaspora во партнерство со: Наши деца од Босна и Херцеговина, КАЗАС од Црна Гора, Youth workers Alliance од Србија и Организација на жените на општина Свети Николе од Македонија, а со поддршка на Швајцарска агенција за размена на млади.

 

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен