Повозрасни луѓе и деменција

На 16.02, а во рамки на здравствената програма, се одржа првата едукативна работилница за 2023г. на тема „Возрасните луѓе и деменцијата”. Работилницата ја водеше д-р Гордана Митева, докторка специјалист по семејна медицина.

Цел на оваа работилница беше, учесничките да се запознаат со поимот деменција, кои се симптомите, како се лечи, а пред се да ја информираат за превенцијата за да не дојде до ова заболување, кое покрај старите се почесто ја напаѓа и помладата популација.

Симтомите кои претходат на развивање на болеста се: промена на однесување, сомничавост, постепено губење на интерес, нагла промена на расположението, проблеми со спиење.

Битен елемент за сите е превенцијата, а тоа подразбира добар животен стандард, рамномерна исхрана, физичка и ментална активност, богат опшествен живот, стимулативна околина и здрав сон. Многу битен елемент е и генот, кој треба да се следи внимателно.

Учеснички на оваа работилница беа членките на групата за самопомош на жени за заболени и лекувани од малигни болести.

Оваа активност се реализира во рамки на проектот „ Заедно да превенираме и се бориме против ракот на дојка”, финансиски поддржан од општина Свети Николе.

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен