Семејното насилство, како и родово базираното насилство е проблем кој во континуитет негативно влијае на општеството. И покрај напредокот во однос на законската рамка и политиките, сепак на национално ниво немаме применето механизми кои ќе влијаат на реинтеграција и ресоцијализација на жртвите на различни форми на насилство.
Организација на жените на општина Свети Николе е здружение кое две децении делува и придонесува за помош и поддршка на жените и девојките – жртви на семејно/родово базирано насилство.
На линкот https://surveyhero.com/c/svnikole се наоѓа on-line прашалник.
ОЖОСВН преку спроведување на ова истражување, ќе направи мапирање на жртви на семејно насилство на локално ниво со цел донесување клучни препораки и наоди за правилно и аналитичко креирање на сервиси и програма за реинтеграција и ресоцијализација на жените жртви на насилство во општина Свети Николе
Ги охрабруваме сите жени кои биле или се сеуште жртви на семејно/родово базирано насилство, да одговорат на овој анонимен прашалник, преку кој ќе се подготви анализа и реална проценка за потребите од помош и поддршка на жените жртви на семејно насилство, жртви кои го напуштиле домот и насилникот или жртви на насилство кои сакаат да го напуштат насилникот, а сеуште се наоѓаат во насилна средина со цел креирање и прифаќање на Програма за реинтеграција и ресоцијализација на жените – жртви на насилство на локално ниво во рамки на буџетот на општина Свети Николе.
Проектот Институционализирање на квалитетни сервиси за рехабилитација и интеграција на жени жртви на насилство, е финансиски подржан од Националната мрежа против насилство врз жените и семејното насилство и Австриската агенција за развој.