ОЖООЖООЖО
+389 32 444 620
Свети Николе, Македонија

Стартуваше со работа канцеларијата за бесплатна правна и психо-социјална помош и поддршка

  • Почетна
  • Новости
  • Стартуваше со работа канцеларијата за бесплатна правна и психо-социјална помош и поддршка

Во рамките на проектот „Не си сам/а – канцеларија за бесплатна правна помош и психосоцијална поддршка“, од 01.12.2020 г. ОЖОСВН нуди бесплатна правна и психосоцијална помош и поддршка за маргинализирани лица и заедници преку ефективно спроведување на Законот за бесплатна правна помош. Во рамките на канцеларијата се ангажирани; адвокат, правен советник и психолог, со цел обезбедување на стручна помош онаму каде што е потребна.

 

Услугите на канцеларијата се обезбедуваат на начин кој гарантира остварување на следните начела:

Високо ниво на стручност во обезбедувањето на примарна правна и психосоцијална помош и поддршка;

– Ориентираност кон правните потреби на барателите, доверливост и почитување на професионалните и етички стандарди;

– Сензитивност за посебните околности во кои се наоѓаат ранливите категории граѓани;

– Достапност на услугите за граѓаните од локалните заедници и економично користење на ресурсите;

– Отвореност и партнерски однос кон засегнатите страни и чинители во системот на бесплатна правна помош и

– Транспарентност и одговорност на здружението.

 

Услугите на примарна правна и психосоцијална помош и поддршка се обезбедуваат на недискриминаторски начин, со еднаков пристап за сите граѓани, без разлика на полот, родот, сексуалната ориентација, возраст, етничка, верска и политичка припадност, социјален и здравствен статус и др.

ОЖОСВН обезбедува сигурен, доверлив и флексибилен простор во кој на барателите им се обезбедуваат услугите, а ангажираните лица се родово сензибилизирани и доверливи во својата работа.

Лицата кои обезбедуваат бесплатна правна и психосоцијална помош и поддршка се должни сите лични податоци и информации до кои ќе дојдат при обезбедувањето на услугите да ги чуваат како тајна и да ги користат исклучиво за потребите на услугите.

За дополнителни информации можете да не’ контактирате на 032/444-620, womsvetinikole@yahoo.com или со порака на социјалните мрежи.

 

Проектот е регрантиран од Коалиција Маргини и Фондација Kvinna Till Kvinna, а финансиран од Европската Унија.

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен