Прва регионална средба за вмрежување

На 15.02 се одржа прва регионална средба за вмрежување „Како до подобар координиран пристап до правда за маргинализираните заедници“. На оваа средба присуствуваа претставници од релевантни институции кои работат со маринализирани лица и заедници од општините Велес, Кавадарци, Неготино и Свети Николе.

Средбата беше отворена со претставување на присутните ученици и кратка презентација на институцијата/организацијата која ја претставуваат, како и нивното искуство со работа со маргинализирани лица. Потоа беше презентирана работата на ОЖОСВН, како и целите и активности на проектот, но и потребата, можностите и важноста од координирано постапување во случаи на прекршување на човековите права на локално, но и на регионално ниво.

Средбата продолжи со претставување на два успешни модели на координирано работење и постапување. Едниот се однесува на неформалното Локално координативно тело кое во Свети Николе е функционално повеќе од десетина години, а во кое членуваат релеванти локални институции кои работат со жртви на семејно насилство. А другиот пример за успешни и функционални интерсекторски работни групи го претстави Бети Пејева од нашата партнерска организација ЕХО -Штип, која сподели искуства од координираното постапување и работа на овие групи, потребата од едукација и континуирано јакнење на капацитетите на вклучените лица, како и важноста за вмрежување и заедничко делување. Таа во својата презентација исто така се осврна и на законските обврски кои проеизлегуваат од ратификуваните меѓународни документи, како што е Истанбулската конвенција.

Целата средба беше доста интерактивна и се споделија различни искуства, несогласувања, ставови, но сепак на крај се заклучи дека е потребна континуирана и координирана комуникација и соработка на регионално ниво бидејќи само така може да се надополнат услугите кон маринализираните лица и да бидат целосни.

Оваа прва ваква средба беше од информативен карактер и ќе следуваат уште неколку средби за да се изнајде соодветен модел на вмрежување и меѓусебна регионална соработка.

Оваа активност е дел од проектот „Не си сам/а – канцеларија за бесплатна правна помош и психо-социјална поддршка 2“ е регрантиран од Коалиција Маргини и The Kvinna Till Kvinna Foundation, финансиран од Европската Унија, а ко-финансиран од Шведска.

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен