„Функции и болести на црниот дроб“ беше темата на работилницата одржана на 11.08.2021 година со почеток од 19:00 часот, во отворениот амфитеатар при ООУ „Кирил и Методиј“ во Свети Николе.
Присутните имаа можност да осознаат која е правилната функција на црниот дроб, кои се симптомите на замастен црн дроб и каква исхрана е потребна во тој случај. Се говореше и за другите болести кои можат да настанат, покрај замастувањето, како и за причините кои можат да доведат до компликации.
Работилницата беше предводена од Гордана Митева – специјалист-доктор по семејна медицина.
Оваа активност е дел од проектот „Заедно во борба против ракот на дојка – 2“ финансиски поддржан од општина Свети Николе.