Онлајн-настан: „НЕ СИ САМ/А – Канцеларија за бесплатна правна помош и психо-социјална поддршка“

  • Почетна
  • Новости
  • Онлајн-настан: „НЕ СИ САМ/А – Канцеларија за бесплатна правна помош и психо-социјална поддршка“

На 16.09.2021 година, со почеток од 18 часот, на платформата ZOOM се одржа онлајн-настан со наслов „НЕ СИ САМ/А – Канцеларија за бесплатна правна помош и психо-социјална поддршка“.

Настанот имаше цел да ги запознае заинтересираните со услугите кои што ги нуди канцеларијата за БПП и ПСП, како и да ги информира за тоа како се одвивала досегашната работа. Своите искуства ги споделија: правничката Даниела Панева, адвокатот Игор Гавевски и психологот Ружица Сотировска – професионалниот тим што работи во Канцеларијата за БПП и ПСП во склоп на ОЖОСВН.

 

Присутните имаа можност од поблиску да се запознаат со можностите што ги нуди Законот за бесплатна правна помош, критериумите за тоа кои лица можат да добијат бесплатна правна помош и психо-социјална поддршка, како и за тоа дека овие услуги им се постојано достапни.

Тимот на ОЖОСВН е на располагање за вас во секое време, подготвени да ви излезат во пресрет и да ви помогнат при решавање на проблемите.

Дополнително, од 09.09.2021 година, ОЖОСВН и официјално е дел од Регистарот на здруженија овластени за давање БЕСПЛАТНА примарна правна помош, што го прави ова здружение единствено што дава вакви услуги во Вардарскиот плански регион на државата.

Оваа активност е организирана од Организација на жените на општина Свети Николе, а е дел од проектот „НЕ СИ САМ/А – Канцеларија за бесплатна правна помош и психо-социјална поддршка“, регрантиран од Коалиција „Маргини“ и Фондација „Kvinna till Kvinna“, а финансиран од Европската Унија.

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен