Организација на жените на општина Свети НиколеОрганизација на жените на општина Свети НиколеОрганизација на жените на општина Свети Николе
+389 32 444 620
Свети Николе, Македонија

Онлајн настан: „Отворен простор за младите“

„Од круцијално значење е младите да ги препознаваат сопствените права и да знаат како да реагираат кога ќе дојде до нивен прекршок. Не заборавај дека не си сам/а“ – е заклучокот што го дадоа лицата вклучени во реализацијата на онлајн-настанот „Отворен простор за младите“: правникот Даниела Панева, психологот Ружица Сотировска и адвокатот Игор Гавевски.

На настанот, реализиран на онлајн-платформата ZOOM, беа вклучени повеќе млади луѓе од Свети Николе и од други градови од државата, како и дел од Извршната канцеларија на ОЖОСВН. Од правен аспект, присутните беа запознаени со основните младински права и со проблемите на дискриминација, булинг и други различни видови на насилство, а добија и информации за тоа како да постапат доколку им се случува нешто такво на нив или на други млади луѓе од нивната блиска околина. Од психолошки аспект, пак, се говореше за истите проблематики и за тоа како тие влијаат врз психолошкиот аспект и развој на младите. Се отвори и дебата во која дел од присутните, со своја согласност, споделија лични примери и примери за кои, како што рекоа, биле сведоци во минатото.

Дека е многу важно за едно младо лице како да препознае насилство и како да постапи, дали и каде може да пријави таков проблем, потврдија и исказите од поголемиот дел на присутните на настанот кој траеше 80 минути. Акцентот беше ставен врз можноста младите, секогаш кога им е потребно, слободно да се обратат во канцеларијата за бесплатна правна помош и психо-социјална поддршка која работи во склоп на ОЖОСВН. На тој начин би можеле да си помогнат и себеси, но, и на своите блиски.

Оваа активност е организирана од Организација на жените на општина Свети Николе, а е дел од проектот „НЕ СИ САМ/А – Канцеларија за бесплатна правна помош и психо-социјална поддршка“, регрантиран од Коалиција „Маргини“ и Фондација „Kvinna till Kvinna“, а финансиран од Европската Унија.

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен