На 15.08.2023 и 31.08.2023, во подрачното училиште во село Горобинци се одржаа работилници на теми „Превенција од карцином на дојка“ и „Стрес и релаксација“. Работилниците беа водени од Гордана Митева, лекар специјалист по семејна медицина и психологот Емина Петкова.
Работилницата за „Превенција од карцином на дојка“ имаше за цел присутните да се запознаат со поимот карцином на дојка, како се дијагностицира, како се врши самопреглед на дојка и од колкаво значење е навременото откривање на карциномот. Како дел од нашата постојана посветеност, на самата работилница составивме и листа на жени заинтересирани за претстојните мамографски прегледи со ехо. Овие прегледи се закажани во текот на октомври, покажувајќи ја нашата посветеност на унапредување на здравјето на жените.
Целта на работилницата со психолот беше жените да осознаат што е позитивен, а што негативен стрес и како да го совладаат за да се соочат со понатамошните предизвици во животот. Учесничките научија како стресот може негативно да влијае на нивните животи, во зависност од тоа како управуваат со него.
Овие активности се дел од проектот „Заедно да превенираме и се бориме против ракот на дојка“. Финансиски подржан од Локална самоуправа на општина Свети Николе.