Последен форум „Биди активна за родово еднакво општество“

ОЖОСВН, на 13.09.2023 во Пробиштип го оддржа десеттиот и последен форум „Биди активна за родово еднакво општество“, кои се оддржаа во изминатата година и половина во 10 општини од  Источниот и Вардарскиот регион на Македонија.

Фокусот и на овој форум беше да се поттикнат девојките од Пробиштип, да дискутираат и да се запознаат поблиску со женските човекови права, родовата еднаквост и како да станат активни општествени чинители кои прават позитивни промени.  Дискутираните темите се дел од брошурата на ОЖОСВН „Јаки жени, ја јакнат заедницата“.

Форумот се оддржа во просториите на Младинскиот центар на општина Пробиштип, а самите учеснички преку разновидните активности имаа можност да ги искажат своите ставови поврзани со човекови права, стереотипи, феминизам, како тие имаат поврзаност во нивното опкружување и како би можеле да повлијаат за позитивни промени во нивната заедница.

Се дискутираше и за нивните потреби како млади во нивната општина и како би можело да дојде до некои промени во нивната средина доколку повеќе и поактивно се вклучат, организираат и наметнат кај релевантните и одлучувачки фактори.

Овие дискусии ги натераа учесничките да размислуваат подлабоко за овие критични прашања. Јасно е дека форумите како овие имаат големо влијание.

Сакаме да им се заблагодариме на сите вклучени, од младите девојки кои учествуваа до Младинскиот центар на Пробиштип за топлиот прием

Оваа активност е дел од проектот „Јаки жени ја јакнат заедницата 2“ финансиски поддржан од Фондација Kvinna Till Kvinna, Шведска.

 

 

 

 

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен