Вежби за релаксирање на мускулите на градите

На 09.08.2023 се одржа работилница со вежби за релаксирање на мускулите на градите, наменета за членките на групата за самопомош на жени заболени и лекувани од малигни болести.Работилницата ја водеше физиотерапевтката Марија Стефанова Таушанова.

Целта на оваа работилница беше жените да сфатат дека е потребно секојдневно вежбање заради зајакнување на мускулатурата на градниот кош, која претставува потпора за правилно држење на телото.Вежбите вклучени во оваа работилница, имаат за цел да помогнат во превенцијата од појава на лимфоедема во градниот кош, потпора на правилно држење на телото, а со тоа и намалување на болката, слободно движење на градниот кош и правилно дишење.

Оваа активност е дел од проектот „Заедно да превенираме и се бориме против ракот на дојка“. Финансиски подржан од Локална самоуправа на општина Свети Николе.

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен