Работилници на теми „Јас и другите, поле за подобрување“ и „Самопочитување“

  • Почетна
  • ОЖО
  • Работилници на теми „Јас и другите, поле за подобрување“ и „Самопочитување“

Во текот на месец јули беа одржани две работилници за членките на групата за самопомош на жени заболени и лекувани од малигни болести.

На 13.07.2022 од 18ч. во големата сала на локална самоуправа на Општина Свети Николе се одржа работилница на тема „Јас и другите, поле за подобрување“. Модераторка на оваа работилница беше психологот Емина Петкова.

Целта на оваа работилница беше присутните да го осознаат проблемот со отуѓеноста на луѓето и дека тој претставува се поголема закана која произлегува како ефект од претераниот индивидуализам во споредба со минатите искуства на радосно делење и поддршка во реализација на животворни идеи, визии и дела, како и искуствата луѓето да не се плашат едни од други, туку да приоѓаат и да си помагаат со срдечност и топлина.

Поводот за активноста беше постоењето на намалени, топли и блиски контакти со други луѓе, оддалечување од другиот и егоцентричност, честите пријатни искуства од топли емотивни односи со другите во минатото. Затоа што имунитет се гради во оптимални психосоцијални услови со другите луѓе и така имаме позитивната моќ еден врз друг.

На 25.07.2022 од 19ч. во големата сала на локална смоуправа на Општина Свети Николе се одржа работилница на тема „Самопочитување“. Модераторка на оваа работилница беше психолог-психотерапевт Елисавета Секуловска.

Целта на оваа работилница беше учесничките да се запознаат со поимот самопочитување и да изградат здрави алтернативи на самопочитување кон себе, наспроти токсична зависност или поврзаност со некого или нешто. Се разговараше за поимот самопочитување и Масловата хиерархија на потреби.

Овие активности се дел од проектот „Продолжуваме заедно во борба против ракот на дојка“ кој финансиски е поддржан од Општина Свети Николе.

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен