Денес во кабинетот на градоначалникот на општина Пробиштип беше одржана работна средба од информативен карактер а во рамки на проектот „Низ женски леќи“. На средбата беа присутни градоначалникот Драган Анастасов, Анкица Кијајова – координаторка на комисијата за еднакви можности на жените и мажите (КЕМЖМ), Лилјана Јоноски и Даниела Панева.
Целта беше да се информира градоначалникот за реализираните активности, спроведените истражувања и добиените препораки од веќе направените истражувања за еднаков пристап и поголемо вклучување на жените во процесот на креирање политики.