Реализирана локална акција произлезена од младите од нашата општина

  • Почетна
  • Новости
  • Реализирана локална акција произлезена од младите од нашата општина

Во последната недела на месец јуни реализиравме локална младинска акција произлезена од младите. Младите во периодот од 08.05.2023 до 17.05.2023 година имаа можност преку јавен повик да поднесат барање и да ја искажат својата идеја каде би сакале да направат промена во градот.  Една од апликациите што ги добивме за поддршка и имплементација на младински локални акции се истакна со својот креативен пристап. Група  млади ни пристапија со  идеја да создадат графит кој ќе пренесе порака до младите во Општина Свети Николе.

Во овој период младите имаа можност да ги покажат своите таленти и да инспирираат чувство на заедништво и креативност. Во текот на целиот настан тие се охрабруваа и поддржуваа едни со други, споделувајќи совети и техники, додека минувачите се восхитуваа на нивната вештина и посветеност. Самите минувачи застануваа и ги фалеа младите за нивниот труд и посветеност што тие несебично ја покажаа во текот на целиот настан. Со нивните колективни напори, младите од нашата општина оставија свој печат во градот.

И затоа сакаме да им се заблагодариме на сите млади што беа вклучени во оваа локална акција и што дадоа свој несебичен придонес и овозможија овој настан да биде успешен, притоа разубавувајќи еден дел од градот.

ОЖОСВН  верува во силата и потенцијалот на нашата младина. Посветени сме да ги поддржуваме нивните идеи, и да им ги обезбедиме ресурсите што им се потребни за да направат разлика. Овој проект е само еден пример за  достигнувања кои можат да произлезат од инвестирањето во креативноста, и решителноста на младите поединци.

Оваа локална младинска акција е дел од проектот „Вклучени млади, силни заедници“, кој е финансиран од програмата за грантови на проектот „Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата” финансиран од ЕУ, а спроведуван од Коалиција на младински организации СЕГА.

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен