Тренинг: Твој е изборот дали ќе бидеш тивка или гласна

Организација на жените на општина Свети Николе во периодот од 17-20 октомври реализираше тридневен тренинг „Твоj е изборот дали ќе бидеш тивка или гласна“ за девојки од Источниот и Вардарскиот регион на Македонија.


Фокусот на нашиот тренинг беа младинскиот активизам, родовата еднаквост и човековите права со акцент на правата на жените и девојките.

🧑🏫 Тренингот го водеа две искусни едукаторки Весна Попоска (експертка во областа на човековите права и родовата еднаквост) и Драгана Митровиќ (искусна младинска работничка со позадина во младинскиот активизам.)

🌱 Нашиот тренинг опфати суштински теми како што се:
Младински активизам: Истражување на потенцијалот на младите девојки да создадат позитивни промени во нивните заедници, охрабрување и мотивирање самите да се активираат и ги застапуваат своите и интересите на другите млади.
Родова еднаквост: Дискусија за важноста на родовата еднаквост, еднаквите можности и препознавање и делување во однос на стереотипите и предрасудите.
Човекови права: Разбирање на женските права како човекови права и основните принципи на човековите права со нивното значење во нашите животи.

🧡 Додека се фокусиравме на сериозни прашања и теми, исто така се погриживме активностите на тренингот да бидат информативни и забавни.

🌍 Ширење на знаење: сега, на ред се учесничките стекнатото знаење да го споделат со нивните заедници преку десиминација.

Се надеваме дека овие млади девојки ќе станат поборници за промени, што ќе има позитивно влијание во нивните заедници и пошироко.


Оваа активност е дел од проектот „Јаки жени ја јакнат заедницата 2“ финансиски поддржан од Фондација Kvinna Till Kvinna, Шведска.

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен