Кампања за Октомври-месец за борба против рак на дојка

Во сабота, на 28 октомври, а во рамки на Кампањата за Октомври-месец за борба против рак на дојка, волонтерки на ОЖОСВН делеа едукативни и информативни флаери кои содржат клучни информации за само-преглед и важноста од редовни превентивни прегледи за рано откривање на ракот на дојка, како и флаери со услугите кои ги нудиме како организација во поддршка на жените заболени и лекувани од малигни болести, вклучувајќи бесплатни перики и турбани, групи за самопомош и стручни совети.
Ние сме тука да ви помогнеме во вашата борба против рак на дојка.
Ве молиме не двоумете се да не контактирате, а ние ќе се потрудиме да ви обезбедиме насоки и поддршка.
Оваа активност е дел од оперативниот грантот на ОЖОСВН од програмата СМАРТ Балкан – Граѓанското општество за поврзан Западен Балкан, кој е имплементиран од Centar za promociju civilnog društva (CPCD), Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП) и Институтот за демократија и медијација (ИДМ), финансиски поддржан од Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка.

 

 

 

 

 

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен