Со цел хармонично психичко и функционално одржување на телото, преку вежби за корекција и превенција кои што се основна потреба за перманентно подигнување на општите физички способности и подвижности на локомоторниот апарат и организмот во целина, како и одлична превентива од појава на деформитети или нивно ублажување/целосно оздравување, Организација на жените на Општина Свети Николе на 04.06.2021 година организираше активност за жените од групата за самопомош (група на жени заболени и лекувани од карцином на репродуктивните органи).
Активноста се одржа на отворено, на зелената површина од градскиот стадион во Свети Николе, а беше водена од Тања М. Ангеловска, наставник по физичко и здравствено воспитување.
Поради позитивниот исход од реализацијата на активноста, присутните едногласно изразија желба за организирање на вакви корисни настани во иднина.
Оваа активност е дел од проектот „Заедно во борба против ракот на дојка-2“, финансиски поддржан од Општина Свети Николе.