ОЖООЖООЖО
+389 32 444 620
Свети Николе, Македонија

Годишно Собрание на ОЖОСВН

На 02.06.2021 г. во 18.00 часот, во амфитеатарот при ООУ „Кирил и Методиј“ се одржа редовно Годишно Собрание на ОЖО Свети Николе.

Делегатите на Собранието беа информирани за тековните активности на здружението и новините за регистрација на канцеларијата за давање услуги за бесплатна правна и психо-социјална помош и поддршка на маргинализирани групи од Општина Свети Николе и Вардарскиот плански регион.

Воедно беа поделени наративниот и финансискиот извештај за минатата година.

Претседателката на здружението, Даниела Панева, претседаваше со Собранието со објаснување за тековниот процес за регистрација на здружението во регистарот на БПП (бесплатна правна помош),

новоподготвените внатрешни документи за работа и предложените промени во целите на Статутот на ОЖО Свети Николе.

Гласањето од страна на делегатите заврши во 19:00 часот со едногласно усвојување на сите точки според дневниот ред.

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен