На 27.06. се одржа работилница со вежби за превенција во сите фази на постболничкото лекување. Работилницата ја водеше физиотерапевтката Марија Стефанова Таушанова.
Целта на оваа работилница беше да им помогне на жените да ја разберат важноста на редовното вежбање за зајакнување на целата нивна мускулатура, која пак игра клучна улога во одржувањето на правилното држење на телото.
Вежбите вклучени во оваа работилница имаат за цел да спречат појава на лимфоедема во градниот кош, да го поддржат правилното држење на телото, да ја ублажат болката, да ја подобрат подвижноста на градниот кош и правилно дишење.
Оваа активност се реализира во рамки на проектот ,,Заедно да превенираме и се бориме против ракот на дојка”, финансиски поддржан од општина Свети Николе.