ЈАВЕН ПОВИК: ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЖЕНИТЕ НА ОПШТИНА СВЕТИ НИКОЛЕ ИМА ПОТРЕБА ОД ПРАКТИКАНТ/КА

  • Почетна
  • Новости
  • ЈАВЕН ПОВИК: ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЖЕНИТЕ НА ОПШТИНА СВЕТИ НИКОЛЕ ИМА ПОТРЕБА ОД ПРАКТИКАНТ/КА

ЈАВЕН ПОВИК: ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЖЕНИТЕ НА ОПШТИНА СВЕТИ НИКОЛЕ ИМА ПОТРЕБА ОД ПРАКТИКАНТ/КА

Организација на жените на општина Свети Николе објавува

ЈАВЕН ПОВИК за практиканство

 

Согласно со активните мерки од оперативниот план за вработување на Владата на Република Македонија, Организација на жените на општина Свети Николе објавува повик за практикант во времетраење од 3 месеци почнувајќи од 1 јули 2023 година.

Придобивки од практиканството за кандидатот/ката:

➜ Практикантот/ката ќе се стекне со следните знаења и вештини:

– Запознавање со работата на граѓанскиот сектор;

– Административно и финансиско работење во граѓански сектор;

– Унапредување на комуникациски вештини и тимска работа;

– Проектен менаџмент и др.

 

➜ Месечен надомест за практиканство во износ од 10.000,00 денари, со вклучено осигурување во случај на несреќа при работа. Надоместокот ќе го исплаќа Агенцијата за вработување на РМ.

 

➜ Потребни квалификации:

  • Млади невработени лица до 29 години евидентирани во АВРМ;
  • Активни баратели на работа, кои претходно немаат работно искуство односно претходно немаат засновано работен однос и кои досега немаат учествувано во програмата за практиканство;
  • Минимум средно образование;
  • Познавање на работа со компјутери;
  • Желба и мотивација за учење и споделување.

➜ Начин на аплицирање:

Сите заинтересирани млади може да аплицираат најдоцна до 30.06.2023 (петок), до 12:00 часот преку испраќање на своја кратка биографија (CV) на е-маилот: womsvetinikole@yahoo.com со назнака: ЗА ПОВИК ЗА ПРАКТИКАНСТВО или за повеќе информации да не контактираат на нашиот телефонски број 032 444 620.

Во ОЖОСВН, сме посветени на обезбедување динамична и поддржувачка средина каде што можете да се вклучете во практични проекти, да учете и да се развивате, да се придружете на нашиот тим, да бидете иницијативни, бидејќи ние веруваме во моќта на различни перспективи и иновативни идеи.

Не ја пропуштајте оваа можност да ја започнете својата професионална кариера додека правите позитивна промена во заедницата.

Аплицирајте за практикант/ка во ОЖОСВН и бидете дел од нашиот тим.

Посетете ја нашата веб-страна www.womsvetinikole.org.mk за да дознаете повеќе за нашата работа.

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен