Организација на жените на општина Свети НиколеОрганизација на жените на општина Свети НиколеОрганизација на жените на општина Свети Николе
+389 32 444 620
Свети Николе, Македонија

Интеграција на родови перспективи за силни општини и квалитетни локални политики

  • Почетна
  • ОЖО
  • Интеграција на родови перспективи за силни општини и квалитетни локални политики

Во периодот од 25 до 27 март, 12 советници од Советот на општина Свети Николе и 4 претставници на локалната администрација, меѓу кои и Претседателките на Советот и Комисијата за еднакви можности на мажите и жените, како и координаторката за еднакви можности на општина Свети Николе, учествуваа на обука за градење родовосензитивни локални политики.

Целта на оваа обука беше учесниците поблиску да се запознаат со концептот на родова еднаквост интегриран во главните локални политики. Учесниците имаа можност да стекнат знаења и вештини и да споделат искуство за родовата еднаквост и еднаквиот пристап за сите, консултирање и вклучување на потребите на жените во локалните политики, креирање на родово сензитивни програми и буџети, крирање на родови индикатори во секоја од локалните програми итн.

Учесниците си заминаа со нови знаења, искуства и вештини за родовосензитивни јавни политики и мотивирани за заеднички да правиме позитивни промени во локалната заедница во интерес на сите граѓани и граѓанки.

Оваа активност е дел од проектот „Јаки жени ја јакнат заедницата 2“, кој е финансиски поддржан од Фондација Квина Тил Квина.

 

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен