Организација на жените на општина Свети НиколеОрганизација на жените на општина Свети НиколеОрганизација на жените на општина Свети Николе
+389 32 444 620
Свети Николе, Македонија

Наша планета, наше здравје – Светски ден на здравјето

  • Почетна
  • ОЖО
  • Наша планета, наше здравје – Светски ден на здравјето

Соочени со сегашната пандемија, загадена планета и зголемена инциденца на болести, темата за Светскиот ден на здравјето во 2022 година е „Наша планета, наше здравје“

Загадувањето на воздухот, загадената вода, несоодветната санитација, вклучително и управувањето со цврстиот отпад, ризиците поврзани со одредени опасни хемикалии и негативните влијанија од климатските промени се најитните закани за животната средина за јавното здравје во регионот. Овие закани за јавното здравје се надополнети со слабите практики на управување и потенцијалните нееднаквости во здравството, како и од ограниченото лидерство, експертиза и ресурси во здравствениот сектор.

Во последниве децении, подобрувањата во здравствените услуги, заштитата на животната средина, економскиот развој и други фактори доведоа до подобрувања во здравјето на луѓето. Сепак, околу еден милион предвремени смртни случаи годишно се прeпишуваат на познати еколошки ризици што може да се избегнат.

Климатската криза е и здравствена криза.

Општествата со благосостојба се здрави општества.

Наша планета, наше здравје!

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен