Продолжуваат активностите на групата за самопомош

  • Почетна
  • ОЖО
  • Продолжуваат активностите на групата за самопомош

На 3 март 2022 година во големата сала на локална самоуправа Свети Николе, се одржа двочасовна работилница на тема – Пост – ковид синдроми – водена од др.Гордана Митева – специјалист-докторка по семејна медицина. Оваа работилница беше наменета за и на истата присуствуваа, членки од групата за самопомош на жени заболени и лекувани од малигни болести при ОЖОСВН.

Цел на оваа работилница беше да се запознаат присутните со последиците од прележување на корона вирус. Иако повеќето луѓе кои биле заразени со КОВИД-19 брзо закрепнуваат, сепак не е мал бројот и на лица кои имаат долготрајни последици. Потенцијално долготрајните проблеми од КОВИД-19 го прават уште поважно да се намали ширењето на КОВИД-19 со следење на мерки на претпазливост. Ова вклучува носење маски, социјално дистанцирање, избегнување гужви, добивање вакцина кога е достапна и одржување чисти раце.

Се зборуваше и кои органи најчесто се погодени од КОВИД-19: срце, белите дробови, мозок, згрутчување на крвта, проблеми со крвните садови, нозете,  црниот дроб,  бубрезите, проблеми со расположението,  замор, но и како да се препознаат симптомите и навремено да се реагира.

 

Оваа активност е дел од проектот „Продолжуваме заедно во борба против ракот на дојка“, кој е финансиски подржан од Локална самоуправа Свети Николе.

 

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен