ОЖООЖООЖО
+389 32 444 620
Свети Николе, Македонија

ВИДЕО „ЈАКИ ЖЕНИ ЈА ЈАКНАТ ЗАЕДНИЦАТА“

Во текот на 2020 година дел од активностите на ОЖОСВН беа насочени кон зајакнување на капацитетите на жените од руралните средини с.Горобинци – општина Свети Николе, с.Иванковци – општина Велес и с.Корешница – општина Демир Капија.

Во декември беше изработено кратко видео, во кое дел од учесничките раскажаа за искуствата кои ги стекнале преку активностите и воопшто во текот на реализацијата на проектот.

Гласот на жените од руралните средини, прозвучи преку видеото, говорејќи за досегашните искуства и работилници, но истовремено и како апел за уште поголема поддршка и нивно вклучување во општествениот живот на локално ниво.

Жените, особено од руралните средини, се се’ уште маргинализирани и се соочуваат со низа на проблеми и предизвици за кои им е потребна помош и поддршка посебно од граѓанскиот сект

ор и следствено на тоа, од локалните и национални институции. На овој начин, дел од жените од таргетираните рурални средини им испраќаат порака на сите

жени кои се соочуваат со исти или слични предизвици да бидат поактивни во заедницата, да се вклучлуваат во различни активности кои им се нудат, нои да се здружат и заеднички да делуваат во остварување на сопствените права.

Видеото може да го погледнете на официјалниот YouTube канал на ОЖОСВН односно на овој линк https://www.youtube.com/watch?v=wFK7jj2GULU, а истото премиерно беше емитувано на локалната телевизија –ТВ Свет од Свети Николе.

Оваа активност е дел од проектот „Јаки жени ја јакнат заедницата“ финансиски поддржан од Фондација Kvinna Till Kvinna, Шведска, а видеото беше изработено од Ненад Јованов-лице за мултимедијална промоција

 

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен