ОЖООЖООЖО
+389 32 444 620
Свети Николе, Македонија

30 години ОЖОСВН

 

На 25/12/2020 година ОЖОСВН го прослави својот јубилеен роденден – 30 години постоење и активна работа, исполнети со многу проекти, активности, трибини, волонтеризам… многу надминати предизвици и уште повеќе позитивни промени и успешни приказни. За тоа сведочат и бројни награди и признанија.

Поради состојбата со корона вирусот, јубилејот беше одбележан во просториите на организацијата и со дополнителни прилагодени активности во согласност со мерките и протоколите за заштита. Видео честитки од наши соработници, поддржувачи, партнери, донатори, промоција на факти и достигнувања на ОЖОСВН, промоција на новата визија, мисија, новиот вебсајт и лого, како и пакети со промотивни материјали за нашите поддржувачи, активни членови и волонтери во текот на декември беа дел од одбележувањето на јубилејот.

Со почитување на сите мерки за заштита во затворен простор, роденденот заеднички го прославивме со нашите членови и роденденска торта, евоцирање на спомени од сите изминати години и со искрени желби и надеж дека ОЖОСВН и понатаму ќе продолжи да делува на полето на женскиот активизам, со што цврсто ќе го потврдува епитетот лидер во женското движење на локално и национално ниво.

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен