ОЖООЖООЖО
+389 32 444 620
Свети Николе, Македонија

проект: Јаки жени ја јакнат заедницата

Градење лидерски вештини на жени и девојки од рурални средини

На 7ми и 11ти септември 2020 година, ОЖОСВН реализираше две еднодневни обуки, наменети за жени и девојки од рурални средини од Вардарски плански регион, поконкретно од село Корешница – Демир Капија, село Горобинци – Свети Николе и село Иванковци- Велес.

Целта на обуките беше жените од руралните средини да стекнат знаења и вештини за лидерство и лидерски вештини за да можат самостојно да ги застапуваат своите интереси во заедницата и да бидат видливи во општеството.

На работилниците учествуваа вкупно 30 учеснички од погоре споменатите села. Сесиите беа интерактивни и инклузивни, со работа во групи, презентации, дискусија и вежби, а беа водени од искусна едукаторка во областа.

На крајот од дводневната обука импресиите на учесничките беа многу позитивни, задоволството од учество беше големо, а потребата од поголемо внимание, посветеност и работа со жените од руралните средини евидентно.

Секоја жена има потенцијал да прави позитивни промени, но истиот понекогаш треба да се поттикне, насочи и искористи.

Оваа активност е дел од проектот „Јаки жени, ја јакнат заедницата“ финансиски поддржан од фондацијата Kvinna Till Kvinna од Шведска.

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен