Проект: Јаки жени ја јакнат заедницата

Јаки жени ја јакнат заедницата

pexels-cottonbro-3831881

Времетраење: 01/09/2019 – 31/12/2020

Регион: Вардарски регион (с.Горобинци – општина Свети Николе, с.Иванковци – општина Велес с.Корешница – општина Демир Капија)

Имплементатор: Организација на жените на општина Свети Николе

Главна цел: Придонес кон креирање на овозможувачка околина за поголема вклученост на жените од три рурални средини од Вардарскиот плански регион во различни сфери на општествениот живот.

Специфични цел 1: Жените од руралните средини од три општини од Вардарскиот регион се свесни за важноста на сопствената благосостојбa

Специфична цел 2: Жените од таргетираните рурални средини имаат еднаков пристап до информации од нивен интерес

Специфична цел 3: Жените од руралните средини од три општини од Вардарскиот регион се активни чинители во нивните локални заедници

Активности:

  • Реализирање на работилници за зголемување на знаењата и вештините на жените од три рурални средини од  Вардарскиот плански регион 
  • Подготовка, печатење и дистрибуција на едукативни флаери
  • Реализирање на отворени настани со едукативни квизови во секоја од таргетираните рурални средини
  • Подготовка, печатење и дистрибуција на промотивни и информативни  материјали
  • Реализирање на анкета за идентификување на алатки за пристап до информации на различни целни групи
  • Реализирање на состаноци и средби со одговорните локални чинители за воведување на алатки за поголема информираност на жените од руралните средини во нивните општини
  • Реализирање на тренинг со жени и девојки од рурални средини за стекнување вештини за лидерство
  • Иницирање пракса на заеднички средби помеѓу жените од руралните средини и локалните авторитети.
  • Застапување и лобирање кај локалните авторитети за обезбедување и адаптирање на простор за дружење на жените од таргетираните рурални средини
  • Реализирање на иницијативи поттикнати од жени

Буџет:  31.800 ЕУР

Проектот е финансиран од Фондација Kvinna till Kvinna, Шведска

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен