Жените од с.Мустафино се информираа за превенција и третирање на карцином на дојка и остеопороза

  • Почетна
  • Новости
  • Жените од с.Мустафино се информираа за превенција и третирање на карцином на дојка и остеопороза

На 14.03.2024 година со почеток од 18:00 часот, во просториите на подрачното училиште во с.Мустафино се реализираше едукативна работилница со жени и девојки од оваа рурална средина.

Едукаторка на работилницата беше Гордана Митева, докторка по семејна медицина.

Целта на оваа работилница беше да се запознаат присутните со поимот карцином на дојка, како се дијагностицира, како се врши самопреглед на дојка, кога се дава хемотерапија и од колкаво значење е навременото откривање на карциномот. Карциномот е подла болест и во првиот стадиум нема болка, за жал границата се поместува и многу помлади заболуваат, а болеста исто така подеднакво е присутна и кај жени и кај мажи.

Исто така на оваа работилница, присутните се запознаа и се информираа и за  остеопорозата како болест, како истата се добива и како се лекува. Остеопорозата е болест која означува губење на коскената маса и намалување на структурниот квалитет на коските. Всушност коските стануваат порозни. Зголемувањето на животниот век, промените во навиките во исхраната и седентарниот (седечки) начин на живот предизвикуваат оваа болест да достигне навистина алармантни бројки.

За да се превенира и навреме третира секоја болест, потребно е подобрување на здравствената култура кај жените и девојките, редовно одење на превентивни прегледи, почести информативни и едукативни работилници и настани, здрав начин на живот.

Грижата за сопственото физичко и ментално здравје треба да биде на прво место за секого.

Оваа активност е дел од проектот „Заедно да превенираме и се бориме против ракот на дојка-2024“. Финансиски поддржан од Локална самоуправа на општина Свети Николе.

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен