Новости

Регионално јакнење за унапредени услуги кон маргинализираните заедници – трета регионална средба за вмрежување

На 12.12 се одржа третата регионална средба за вмрежување „Регионално јакнење за унапредени услуги кон маргинализираните заедници“, на која присуствуваа претставници од релевантни институции од општините Велес, Кавадарци, Неготино и Свети Николе. Регионалната средба беше водена од Билјана Бејкова. Дискусиите за време на регионалната средба се фокусираа на предизвиците и…
Повеќе детали

Работилница: Твој е изборот дали ќе бидеш тивка или гласна – Делчево

Ана и Анастасија од Делчево, кои претходно беа дел од тренингот во Струмица „Твој е изборот дали ќе бидеш тивка или гласна“ на 04.12.2023 ги споделија своите стекнати знаења со своите врсници, преку дискусии за родовата еднаквост. За време на сесијата, нивните дискуии беа фокусирани на рушење на стереотипите и…
Повеќе детали

Работилница: Твој е изборот дали ќе бидеш тивка или гласна – Велес

Сашка и Христина од Велес, кои претходно беа дел од тренингот во Струмица „Твој е изборот дали ќе бидеш тивка или гласна“ на 23.11. 2023год. ги споделија своите стекнати знаења за родовата еднаквост со младите од Велес. Сашка и Христина на учесниците им презентираа за стереотипите, родовата еднаквост и дискриминација.…
Повеќе детали

Трибина на тема: „Имотно правни односи- разбирање на вашите права“

На 05 декември во Свети Николе се одржа трибина на тема „Имотно правни односи- разбирање на вашите права“ која беше водена од нотарката Јорданка Димчева. Трибината имаше за цел да ја промовира канцеларијата за бесплатна правна и психо-социјална поддршка при ОЖОСВН, како и одблиску да ги запознае присутните со законот…
Повеќе детали

Меѓународен ден на волонтерството

Денес, на 5-ти декември, го славиме Меѓународниот ден на волонтерството! Волонтерите прават голема разлика во нашите заедници. Тие го даваат своето време и напор за да се случат позитивни промени. Без разлика дали станува збор за чистење на населбите или поддршка на локални акции, волонтерите се срцето на создавање подобар…
Повеќе детали

Креирање на Годишна Програма за работа за 2024 година

Во периодот од 30.11 до 02.12, беше реализирана работилница за евалуација на работата на ОЖОСВН за 2023 година и креирање на Програма за работа за 2024 година. Членовите од извршната канцеларија поминаа низ стариот годишен план каде што се евидентираа сите постигнати резултати во 2023 година. Врз основа на овие…
Повеќе детали

EcoIslandWave младинска размена

Во периодот од 08.10 до 16.10.2023 во Задар, Хрватска се одржа EcoIslandWave – младинска размена, како дел од Еразмус+ програмата, а реализирана од носителот на проектот Carpe Diem, Карловац – Хрватска. На тренингот, учество зедоа по пет претставници од 5 држави (Хрватска, Македонија, Шпанија, Бугарија, Босна и Херцеговина). Како партнер…
Повеќе детали

Работилница: Твој е изборот дали ќе бидеш тивка или гласна – Свети Николе

Ана и Ивона од Свети Николе кои зедоа учество на тренингот „Твој е изборот дали ќе бидеш тивка или гласна“ денеска одржаа десиминација во СОУ „Кочо Рацин“- Свети Николе пред своите соученички од втора година. Целта на работилницата беше да се зголеми разбирањето на концептот на идентитетот и да се…
Повеќе детали

Промоција на Канцеларијата за бесплатна правна помош и психо-социјална поддршка во Лозово

На 24.11.2023 со почеток од 13ч. се одржа информативна средба со жителите на општина Лозово. Целта на оваа средба беше да се запознаат жителите од Лозово со услугите кои ги пружа Канцеларијата за бесплатна правна помош и психо-социјална поддршка при ОЖОСВН. За самиот проект, што обезбедува Канцеларијата за бесплатна правна…
Повеќе детали

16 дена активизам против родово базирано насилство

Денеска започнуваат 16-те дена активизам против родово базирано насилство.  Според UN Women, околу 736 милиони жени на глобално ниво – речиси една од три – се соочиле со физичко и/или сексуално насилство барем еднаш во својот живот.  Оваа бројка не е само статистика; ги претставува доживеаните искуства на безброј жени.  Во овие 16…
Повеќе детали

Работилница: Твој е изборот дали ќе бидеш тивка или гласна – Кочани

Ангела, Стефанија, Лиле и Михаела од Кочани, кои претходно беа дел од тренингот во Струмица „Твој е изборот дали ќе бидеш тивка или гласна“ на 23.11. 2023год. ги споделија своите стекнати знаења за родовата еднаквост и важноста на информациите со ученичките од прва година во средното училиште „Љупчо Сантов“. Нивната…
Повеќе детали

Подобрување на дигестивното здравје

На 23.11.2023 се одржа работилница во малата сала на локалната самоуправа на општина Свети Николе. Работилницата беше водена од примариус специјалист доктор по семејна медицина Гордана Митева. Целта на оваа работилница  беше жените да добијат практични совети за спречување и управување со дигестивни проблеми преку промени во животниот стил. Разговаравме…
Повеќе детали

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен