Тренинг за граѓански ангажман и вклучување на девојки и жени на различни нивоа во локалната заедница

  • Почетна
  • Новости
  • Тренинг за граѓански ангажман и вклучување на девојки и жени на различни нивоа во локалната заедница

Во периодот од 17 до 20 јуни 2024 година во Дојран, се реализираше тридневен тренинг за граѓански ангажман и вклучување на девојки и жени на различни нивоа и начини во своите локални заедници. Тренингот имаше за цел да ја подигне свеста на девојките и младите жени и да ги зајакне нивните капацитети со знаења и вештини за родова еднаквост, женски активизам и учество во заедницата. На тридневниот тренинг учествуваа 22 девојки од општините: Свети Николе, Велес, Неготино, Кавадарци, Делчево, Кочани и Виница, сите на возраст од 16 до 21 година

Учесничките на тренингот имаа можност низ учење, дружење, интеракција да се стекнат со знаења и вештини и да ги зајакнат своите капацитети во однос на женските човекови права и женскиот активизам на различни нивоа во општеството, како и да споделат свои знаења и искуства на темите. Тренингот започна со игри за запознавање, поставување на правила за работа, но и искажување на предизвиците, стравовите и очекувањата кои ги имаат од тренингот и како тие самите, може да придонесат кон истиот. Вториот ден учесничките стекнаа основни познавања за родова еднаквост, дискриминација, моќ, основи на феминизам и човекови права со осврт на женските права, како и родово базирано и врсничко насилство. Понатаму учесничките се запознаа со младинско учество и што тоа вклучува, младите луѓе и активизам за родова еднаквост, застапување, вмрежување и соработка. Последниот ден учесничките ја презентираа својата групна работа на конкретен младински проблем и добија повратни заклучоци за сработеното од едукаторките.

Се надеваме дека со овој тренинг ги мотивиравме и инспириравме учесничките да станат повидливи во својата заедница, поактивни, погласни за своите права и креирање на поправедно и исполнително опкружување во кое живеат.

Овој тренинг е дел од проектот „Јаки жени, ја јакнат заедницата III“ финансиски поддржан од шведската фондација Kvinna Till Kvinna, а во реализација на Организација на жените на општина Свети Николе

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен