Барање на понуда за канцелариски столови

До: Сите заинтересирани страни

Предмет: Барање на понуда за канцелариски столови

 

Почитувани,

Здружението Организација на жените на општина Свети Николе од Свети Николе, во рамките на проектот „Јаки жени, ја јакнат заедницата III“ финансиски поддржан од The Kvinna Till Kvinna Foundation, Стокхолм, Шведска има потреба од прибирање на понуди за набавка на 4 канцелариски столови и 4 конференциски столови/столови за посетители.

Вашата понуда треба да гласи до Организација на жените на општина Свети Николе и да содржи:

– Цена, спецификација и слики за канцелариски столови

– Цена и слики за конференциски столови/столови за посетители

Понудата може да содржи повеќе видови од горенаведените производи со различен квалитет и цена.

Сите заинтересирани страни понудите треба да ги достават на нашата емаил адреса: womsvetinikole@yahoo.com или во просториите на Организација на жените на општина Свети Николе ул:Ленинова бр.1-1/4, Свети Николе, најдоцна до 26 ноември 2024 година (вторник).

НАПОМЕНА: Цените на производите да бидат изразени во МКД со пресметан ДДВ и пресметана испорака до Организација на жените на општина Свети Николе на ул.Ленинова 1-1/4, 2220 Свети Николе.

Краен рок за достава на столовите е 6 декември 2024 година (петок).

Со почит,

ОЖОСВН

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен