На 28.09.2023 се одржа работилница во малата сала на локалната самоуправа на општина Свети Николе. Работилницата беше водена од психологот Емина Петкова.
Целта на оваа работилница беше жените да осознаат дека деменцијата е колективно име за група болести кои влијаат на меморијата, размислувањето, однесувањето и емоциите. Да сфатат дека дружењето, срдечната и топла комуникација со другите, чувството на поврзаност, блискост и припадност го прави интактно мозочното работење и нивото на помнење не страда или страда помалку.
Оваа активност е дел од проектот „Заедно да превенираме и се бориме против ракот на дојка“. Финансиски подржан од Локална самоуправа на општина Свети Николе