Во рамки на проектот „Заедно во борба против ракот на дојка“ финансиран од Општина Свети Николе, а наменет за жените од групата за самопомош, на 06.07.2021 година ОЖО Свети Николе по вторпат организираше работилница со физички-корекциони вежби.
Вежбите се изведуваат на отворено – во градскиот стадион- а ги води професорката по физичко и здравствено образование, Тања Ангеловска.
Оваа активност е дел од проектот „Заедно во борба против ракот на дојка-2“, финансиски поддржан од Општина Свети Николе.