Во текот на месец декември 2020 година, а во рамки на кампањата за одбележување на 30 годишнината од основањето и посветената работа на ОЖОСВН, беше отворен повик за креативно изразување на тема „Женскиот активизам преку уметност“.
На повикот учествуваа 28 креативци од целата држава, без било какви ограничувања, кои за нашиот повик испратија фотографии од нивни уметнички дела во форма на ликовна творба, илустрација, дизајн или рачна изработка.
Пристигнатите творби според нивниот вид, беа поделени во 2 категории: „Женски активизам“ и „Рачни изработки“ кои беа претставени во 2 видеа и промовирани на нашата официјална Facebook – страница во вид на видео-изложба, а се поставени и на нашиот официјален YouTube канал и истите може да ги погледнете на следниве линкови: https://www.youtube.com/watch?v=43PNWYp7E8M и https://www.youtube.com/watch?v=O0urhsN7tso.
Секој од учесниците доби пакетче со промотивни материјали од ОЖОСВН, во знак на мало внимание и благодарност за посветеноста и вложениот труд.
Оваа активност имаше за цел да го разбуди креативниот потенцијал кај луѓето и да ја согледаме нивната перцепција за женскиот активизам, но и да ги поттикнеме да го препознаваат и поддржуваат женскиот активизам.
Оваа активност е дел од проектот „Јаки жени ја јакнат заедницата“ финансиски поддржан од Фондација Kvinna Till Kvinna, Шведска