На 27.02.2024 година со почеток од 17:30 часот, во просториите на малата сала на локалната самоуправа на општина Свети Николе се реализираше едукативна работилница со членките на групата за самопомош (група жени заболени и лекувани од карцином на дојка и матка).
Едукаторка на работилницата беше Емина Петкова, психолог.
Целта на оваа работилница е да се постават граници во односите со другите, да не бидеме “угодувачи” на луѓето со занемарување на сопствените потреби, свесност за своите потреби, грижа за базичните потреби и дозвола на себеси за одмор.
Грижата за себе е нешто што можете да го практикувате секој ден. Може да му помогне на вашиот личен раст и патот кон емоционалното здравје.
Оваа активност е дел од проектот „Заедно да превенираме и се бориме против ракот на дојка“. Финансиски поддржан од Локална самоуправа на општина Свети Николе.