Остеоартритис – дегенеративно заболување на зглобовите

На 13.02.2024 година со почеток од 17:30 часот, во просториите на малата сала на локалната самоуправа на општина Свети Николе се реализираше едукативна работилница со членките на групата за самопомош (група жени заболени и лекувани од карцином на дојка и матка).

Едукаторка на работилницата беше Гордана Митева, докторка по семејна медицина.

Работилницата на тема Остеоартритис“ имаше за цел да ги информира присутните за важностa за навременото препознавање на ова дегенеративно заболување на зглобовите, бидејќи успехот на лекувањето (како и инвалидноста) директно зависи од раното препознавање на болеста.

Остеоартритисот често е болест со бавен развој, која е тешко да се дијагностицира додека не почне да предизвикува болни или исцрпувачки симптоми. Се јавува кога заштитната ‘рскавица која ги ублажува краевите на коските се троши со текот на времето. Нарушувањето најчесто ги погодува зглобовите на рацете, колената, колковите и ‘рбетот. Советите и препораките за справување со симптомите беа во насока на редовна физичката активност, одржување на здрава тежина и примање соодветни третмани.

Оштетувањето на зглобовите не може да се врати, но овие мерки можат да ја забават прогресијата на болеста, да ја намалат болката и да ја подобрат функцијата на зглобовите.

Оваа активност е дел од проектот „Заедно да превенираме и се бориме против ракот на дојка-2024“. Финансиски поддржан од Локална самоуправа на општина Свети Николе.

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен