Учесничките на тренингот во Струмица „Твој е изборот дали ќе бидеш тивка или гласна“ сè уште активно ги десиминираат своите знаења пред младите од своите градови.
Ангела, Стефанија, Лиле и Михаела од Кочани на 06.12 ja одржаа својата втора работилница за родовата еднаквост и важноста на информациите со ученичките од средното училиште „Љупчо Сантов“ – Кочани.
Да продолжиме да се зајакнуваме едни со други споделувајќи знаења. Секој заеднички разговор за родовата еднаквост ја зајакнува женската солидарност и го отвора патот за поинклузивен и порамноправен свет.
Оваа активност е дел од проектот „Јаки жени, ја јакнат заедницата 2“ финансиски поддржан од Фондација Kvinna Till Kvinna, Шведска.