Закони на космосот

На 03.07. во голема сала на локална смоуправа на Општина Свети Николе се одржа работилница на тема „Закони на космосот“. Работилницата ја водеше докторка Гордана Митева.

Целта на оваа работилница беше како да ги разбереме законите на универзумот кои се клучни за навигација во животот со чувство за цел и насока. Овие закони ни даваат насоки кои ни помагаат да преземеме одговорност за нашите постапки и избори. Кога ги следиме овие принципи, можеме подобро да се разбереме себеси и да го подобриме квалитетот на нашите животи.

Ако ги замислиме овие закони како фундаментални правила кои регулираат како функционираат работите во светот околу нас и како мапа која ни помага да се движиме низ предизвиците и да донесуваме одлуки кои се усогласени со нашите вредности и цели можеме да ја подобриме сопствената благосостојба и да придонесеме позитивно за животите на оние околу нас.

Да се сакаме самите себе е од суштинско значење. Ако не знаеме да се цениме и да се грижиме за себе, станува тешко да прифатиме љубов и добрина од другите. Љубовта кон себе вклучува разбирање на нашата вредност, признавање на нашите силни и слаби страни и кон себе да се однесуваме со сочувство и почит. Кога ја негуваме оваа самосвест и љубезност кон себе, стануваме поспособни да формираме здрави врски и да доживееме вистинска среќа.

Во суштина, прифаќањето на законите на универзумот значи прифаќање на мудроста и увидот што може да не води кон поисполнет и похармоничен живот. Станува збор за препознавање на нашата сопствена енергија во обликувањето на нашите судбини и поттикнување на позитивен поглед кој зрачи во секој аспект од нашето постоење.

Оваа активност е дел од проектот „Заедно да превенираме и се бориме против ракот на дојка-2024“. Финансиски подржан од Локална самоуправа на општина Свети Николе.

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен