Светски ден на писменоста- писменоста во Македонија

Со цел, подигање на свеста за прашањата поврзани со неписменоста и промовирање на значењето на образованието на 8 септември се одбележува Светски ден на писменоста.

Историјата на писменоста во Македонија се протега низ повеќе векови — од просветителската дејност на Светите браќа Кирил и Методиј, па сѐ до современиот стандардизиран јазик. Официјалното организирано школување на девојчињата во Македонија започнува на средината на XIX век (околу 1850-тите години), за време на периодот на Македонската преродба. Пред овој период, образованието било речиси исклучиво резервирано за машките деца. Првото посебно женско училиште во Македонија е отворено во 1858 година во Велес. Пред ова, девојчиња учеле приватно или посетувале настава заедно со машките ученици во т.н. мешани паралелки. Описменувањето на жените наидувало на силен отпор од конзервативната патријархална средина. Честопати се сметало дека писменоста кај жените е „опасна модерност“ што ќе ги оддалечи од нивните домашни обврски. Но, благодарение на напредните градски семејства (еснафите) и првите храбри учителки, процесот не запрел. Вистинскиот пресврт во масовното образование се случува дури по Втората светска војна (1945 година). Со воведувањето на задолжителното основно образование во рамките на социјалистичка Македонија, државата со закон ги обврза родителите да ги праќаат и машките и женските деца на училиште, со што образовниот јаз во помладите генерации конечно се избриша.

Денес, стапката на писменост изнесува над 95%, но се забележува специфичен родов сооднос меѓу писмените и неписмените граѓани. Според официјалните податоци од Пописот во 2021 година, жените со 50.6% доминираат во апсолутниот број на писмени граѓани во државата, што се должи и на фактот дека тие сочинуваат 50,4% од вкупното резидентно население. Но жените доминираат и кај регистрираните неписмени лица, односно и покрај високата вкупна писменост, кај најстарите генерации сè уште е видлив историскиот патријархален јаз каде што мажите почесто се праќале на училиште. Па така, во оваа категорија, се регистрирани над 70% жени (вкупно 18.897 неписмени лица од кои 13.380 се жени. Оваа појава е резултат на минатите општествени норми од првата половина на XX век, каде што на женските деца во руралните средини поретко им се овозможувало формално образование. Кај помладата социјална структура, овој родов јаз е целосно надминат.

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен