Работилница на тема „Вакцини против Covid-19“

ОЖОСВН на 11.05.2021 г. организираше едукативна работилница за жените од групата за самопомош на тема„Вакцини против Covid-19“.
Жените имаа можност преку поставување на прашања да ги откријат нејаснотиите со помош на одговорите од д-р Гордана Митева која, воедно, беше и едукаторка.
Присутните се запознаа со видовите вакцини и со тоа дека имаат можност да се вакцинираат во Здравствениот Дом во Свети Николе а, воедно, дознаа и за можните реакции после вакцинирањето.
Настанот се одржа на отворено, во амфитеатарот при ООУ “Кирил и Методиј” во Свети Николе.
Оваа работилница е дел од активностите во рамки на проектот „Заедно во борба против ракот ракот на дојка-2“, финансиски поддржан од Општина Свети Николе.

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен