ОЖОСВН, на 2 декември, одржа форум за млади девојки од Кавадарци – за да ги запознаеме поблиску со женските човекови права, родовата еднаквост и како да станат активни општествени чинители кои прават позитивни промени. Фасилитаторка на овој форум беше Елена Трајкова.
Учесничките имаа можност на интерактивен начин, преку квиз да осознаат и да одговорат прашања поврзани со човековите права, а кои се содржани во самата брошура „Јаки жени, ја јакнат заедницата“, подготвена за оваа намена.
Форумот се оддржа во Техничкото средно училиште Ќиро Спанџов Брко во Кавадарци, а самите учеснички имаа можност да искажат своите ставови поврзани со човекови права, стереотипи, феминизам и како тие имаат поврзаност во нивното опкружување и како би можело да се дојде до некои промени во нивната средина.
Се дискутираше и за нивните потреби како млади во нивната општина и како би можело да дојде до некои промени во нивната средина доколку повеќе и поактивно се вклучат, организираат и наметнат кај релевантните и одлучувачки фактори.
На самиот форум се претстави и организацијата Визија од Кавадарци, која беше соработник при организирање на оваа активност и сподели со учесничките информации на кој начин може да се активираат во заедницата преку ова здружение на граѓани.
Оваа активност е дел од проектот „Јаки жени ја јакнат заедницата 2“ финансиски поддржан од Фондација Kvinna Till Kvinna, Шведска.