Организација на жените на општина Свети Николе АНГАЖИРА Едукатор/ка за дводневен тренинг Застапување базирано на докази (1 лице)

  • Почетна
  • Новости
  • Организација на жените на општина Свети Николе АНГАЖИРА Едукатор/ка за дводневен тренинг Застапување базирано на докази (1 лице)

Организација на жените на општина Свети Николе

АНГАЖИРА

Едукатор/ка за дводневен тренинг Застапување базирано на докази (1 лице)

 

Организација на жените на општина Свети Николе објавува повик за ангажирање на 1 лице во рамки на проектот „Вклучени млади, силни заедници“, финансиски поддржан од Коалиција на младински организации СЕГА.

Проектот има за цел да придонесе кон креирање на овозможувачка околина за активно вклучување на младите во локалната заедница, или поспецифично да се воспостават услови за имплементација на Законот за младинско учество и младински политики во општина Свети Николе.

Во рамките на овој проект, ОЖОСВН во периодот од 24 – 26 февруари 2023 година ќе се реализира тренинг „Застапување базирано на докази“.Тренингот е наменет за млади од Свети Николе (на возраст од 15 – 29 години) и има за цел учесниците да се стекнат со знаења и вештини за застапување на интересите на младите пред локалните донесувачи на одлуки..

За потребите на оваа активност, Организација на жените на општина Свети Николе има потреба од:

ангажирање ЕДУКАТОР/КА за дводневен тренинг на тема: Застапување базирано на докази

 

ОПИС НА РАБОТНИ ЗАДАЧИ

– Изработка на материјали за тренингот;

– Изработка на агенда за тренингот;

– Спроведување на пред и пост евалуација на учесниците за темата (да се измери подобрувањето на знаењата, вештините и ставовите на учесниците);

– Спроведување на тренинг;

– Изработка на извештај по спроведениот тренинг.

 

КРИТЕРИУМИ ЗА СЕЛЕКЦИЈА

Кандидат(к)ите треба да ги поседува следниве квалификации и вештини:

– Најмалку 5 години професионално искуство со млади;

– Најмалку 3 години искуство во спроведување тренинзи/обуки (во соодветната област);

– Познавање на Законот за младинско учество и младински политики и запознаеност со политичкиот контекст во државата, особено во областа на младите;

– Одлични меѓучовечки и комуникациски вештини;

– Соодветни организациски и презентациски вештини со иницијативен и динамичен пристап;

– Проактивност и професионалност;

 

Како да се пријавите?

За да се пријавите, Ве молиме да доставите:

– CV – кратка биографија

– Листа на слични реализирани тренинзи на темата и/или за млади

– Методологија за реализација на тренингот Пријавата треба да ја пратите по електронска пошта на womsvetinikole@yahoo.com, со предмет на пораката: ОГЛАС ЗА АНГАЖМАН – ЕДУКАТОР/КА-Застапување базирано на докази за млади.

Рокот за пријавување е заклучно 14 февруари 2023 година. Само кандидатите кои ќе ги исполнуваат условите ќе бидат контактирани и по потреба ќе се организира интервју/онлајн состанок.

 

Повеќе информации на:

+389 32 444 620

+389 78 938 764 (Елена Трајкова, проектна координаторка)

www.womsvetinikole.org.mk

womsvetinikole@yahoo.com

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен