На 13 октомври 2026 година во големата сала на општина Свети Николе се одржа регионална средба за вмрежување со претставници од општините од Вардарскиот плански регион.
Средбата имаше за цел да поттикне меѓусекторска соработка и дијалог помеѓу релевантни институции и организации кои работат со маргинализирани групи, како и да ги идентификува заеднички предизвици и можности за подобрување на координацијата и поддршката на локално и регионално ниво. На настанот учествуваа 24 претставници – координаторки за еднакви можности, советници од Комисиите за еднакви можности, Центар за социјална работа, полиција, граѓански организации од општините од Вардарскиот плански регион.
Настанот го фасилитираше Ана Аврамовска – експертка од Национална мрежа против насилство врз жените и семејно насилство.
Преку презентација, доближување до родово базирано и семејно насилство, законска рамка и постапување на релевантни институции, информирање за достапните специјализирани услуги за жени жртви на родово базирано и семејство насилство, како и улогата на општините во воспоставување сервиси на локално ниво присутните се поттикнаа на интерактивна дискусија и споделување искуствени примери.
Преку работа во групи на конкретни стидии на случај, пак присутните имаа можност да мапираат релевантни институции и сервиси кои се достапни во општините од Вардарски регион и кои може да помогнат при идентификувани реални случаи. За крај на средбата се споделија позитивни примери и практики за воспоставени услуги на национално ниво, а финансирани од локални самоуправи и може да се реплицираат и унапредат во овие општини.
Овие средби се многу значајни за регионот и подобра комуникција, координација и информирање помеѓу општините од Вардарскиот регион, бидејќи ретко или воопшто немаат можност вака да седнат и разговараат на едно место.
Оваа активност е дел од проектот „Чекориме од зајакнување кон промена“ финансиски поддржан од The Kvinna Till Kvinna Foundation и Шведска, а во реализација на ОЖОСВН.


