Youth Voice: Going Swiss!

Во Рехтерсвил, Швајцарија се одржа проектот Youth Voice: Going Swiss!

Вкупно 22 млади од  5 различни земји-Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Србија и Швајцарија, дискутираа за теми поврзани со медиумите, (мобилно) новинарство, социјални мрежи, лажни вести, подкасти…

Повеќето сесии беа мешавина од слушање и учење од тренерите, работа во групи, споделување на мислење и активно учество.

Утрата започнуваа со игра за полнење енергија, разгледување на темите опфатени изминатиот ден, за во текот на денот да има одлична атмосфера. Активните учесници придонесоа тренингот да биде професионален, интересен и секој да се чувствува удобно. Учесниците уште првиот ден си составија свои правила и сите до еден ги почитуваа. Вклучија и „Funny box“, односно кога некој доцни на сесијата, треба да извлечи ливче на кое е напишан предизвик од некој од групата, пеење, правење склекови или слично.

Тренингот им помогна на учесниците да ја подобрат тимската работа, им придонесе за личниот и професионален развој, подобрување на вештините, а воедно им беше и одлично искуство.

Во текот на денот имаше време за разгледување на градот Рихтерсвил, посета на Цирих и подобро запознавање на Швајцарија, земјата каде што престојуваа. Навечер имаше време за играње карти или „мафија“ и така учесниците подобро се запознаа.

Овој проект го покажа потенцијалот на луѓето од Западен Балкан и Швајцарија доколку работат заедно. Тоа покажа дека можат добро да се снајдат во новото опкружување.

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен