ОЖОСВН во соработка со волонтерите во обука од Мировниот корпус: Стив, Лизи и Шејна на 14.11.2023 оддржаа работилница со вежби за групата за самопомош и на 21.11.2024 одржаа работилница со дебатниот клуб.
Првата активност беше со групата за самопомош. Тие водеа едноставен, но ефикасен час за вежбање прилагоден на потребите на учесничките. Вежбите беа специјално избрани да бидат лесни за следење, што ги прави погодни за поединци кои можеби сè уште се опоравуваат од физичките предизвици на третманите за рак. Волонтерите покажаа како секојдневните предмети за домаќинството, како што се метла, перница и стол, може да се користат креативно за едноставни вежби кои ја подобруваат силата, флексибилноста и мобилноста.
Покрај практичната демонстрација, волонтерите на секоја од учесничките и дадоа флаер во кој беа вклучени илустрирани упатства за секоја вежба, што им олеснува на жените да ги повторуваат вежбите дома. Флаерот вклучуваше и корисни ресурси каде жените можеа да најдат повеќе информации за одржување на нивното здравје и благосостојба.
Флаерот е изработен со поддршка од Француска амбасада.
Втората активност беше со нашиот дебатен клуб во гимназијата. Целта на оваа активност беше да им се претстават на тинејџерите придобивките од приклучувањето во дебатниот клуб: како тој може да ги подобри нивните комуникациски вештини, да обезбеди можности за патување и да помогне за аплицирање на Универзитет.
Им благодариме на сите кои придонесоа овие активности да бидат успешни.